Skip to main content

Јанкулоска: СЈО водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Екс министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска со остра јавна реакција оцени дека дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и дека никогаш не требало да бидат предмет на кривично гонење доколку, како што наведува, надлежните институции се придржувале до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати.

Според Јанкулоска, СЈО било формирано со јасна цел – да даде одговор на прашањето кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, непрекинато. Наместо тоа, таа тврди дека СЈО се занимавало со низа други прашања, целосно отстапувајќи од својата основна мисија.

Во својата изјава, Јанкулоска обвинува дека преку политички прогон се водела кадровска политика во политичките партии, дека се граделе партиски рејтинзи за изборни цели, како и дека преку закани и притисоци се одбирале владини партнери не според изборната волја на граѓаните, туку според дневнополитички потреби. Во тој контекст, таа оценува дека денешните обвинувања насочени кон измените на Кривичниот законик од 2023 година се погрешно адресирани.

-Проблемот не е ниту во тој, ниту во кој било друг закон, порачува Јанкулоска, додавајќи дека суштинскиот проблем лежи во дел од правничката фела, која, според неа, наместо да го штити правото, во сè гледала политичка математика и активно учествувала во партиски пресметки.

Таа обвинува дека токму тие правници незаконски земале бонуси, со години парадирале пред судовите и граделе, како што вели, „метеорски кариери“, не врз основа на резултати и професионален квалитет, туку поради сервилност кон тогашната власт. Според Јанкулоска, ваквиот пристап оставил длабоки последици врз правниот систем и довербата на граѓаните во правдата.

Поврзани вести