Skip to main content

Јанев: Македонија има полиција која се движи напред – обединета, посветена и достоинствена

Facebook / Александар Јанев

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше во посета на СВР Штип и Регионалниот центар Исток каде заедно со колегите помина неколку часа во прошетка од граничниот премин на Делчево, по граничната линија долж Осоговските планини.

-Во природна, искрена и блиска атмосфера, разговаравме за сѐ што ја засега нашата заедничка мисија: безбедна граница, стабилен регион, сигурни граѓани. Од организираниот криминал и прекуграничните закани, до сообраќајната култура, јавниот ред и мир и борбата против шумските пожари – отворено ги споделивме предизвиците, но и визиите за поефикасна и рационална служба. Заеднички ја разгледавме нашата мисија која е безбедна граница, стабилен регион, сигурни граѓани, истакна директорот Јанев.

Директорот заедно со колегите заеднички потенцираа дека полицијата е тука за граѓаните., да ги слушне, да ги заштити, постојано да биде присутна, достапна и човечна.

-Ние сме повеќе од униформи – ние сме државни заштитници, пријатели на заедницата и столб на безбедноста. Македонија има полиција која се движи напред – обединета, посветена и достоинствена. И тоа е нашата најголема сила, подвлече на крај Јанев.

Директорот Јанев изрази благодарност до сите колеги кои беа дел од оваа активност бидејќи само низ непосредни, заеднички и искрени разговори можеме заедно да ја движиме полицијата во вистински правец.

Поврзани вести