Skip to main content

Известувачот Вајц наместо за македонскиот идентитет најавува дека ќе се бори против руско и српско влијание во Македонија

Во Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или руско.

Ова го изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, во Стразбур, објави БГНЕС. За неговиот извештај ќе се гласа денеска.


Тој нагласи дека извештајот го содржи условот за промена на Уставот и конкретно, вклучување на Бугарите во него, според написите на медиумот.

Извештајот посочува говор на омраза, потреба од владеење на правото и борба против корупцијата“, вели Вајц, повикувајќи на слобода на медиумите и јасна одговорност за нивната сопственост.

Поврзани вести