Skip to main content

Известувачот Вајц: Има една земја наречена „Cеверна Македонија“

Известувачот за земјава, австрискиот пратеник Вајц, пак, на крајот на дебатата истакна дека документот што тој го изработи е извештај на Европскиот парламент за напредокот на европскиот пат на „една земја наречена Cеверна Македонија“ и тоа е она за што требало да се говори на дебатата. 

„Дозволете ми да кажам едно нешто како Австриец. Ние пристапивме во Европската унија врз основа на оставање на нашето минато зад нас. Да, се помируваме. Да, се извинуваме. Да, ги признаваме злосторствата што се случија во минатиот век, но ја оставаме историјата зад нас и ги здруживме силите за да ја изградиме нашата заедничка иднина. Тоа е она што го направија и Германија и Франција, а Австрија го направи со своите соседи Словенија, Унгарија и Чешка. Ние ја надминавме историјата и ги здруживме силите за општото добро на нашите граѓани, за Европската унија и за судбината на нашите општества“, порача Вајц, изразувајќи надеж дека на денешното гласање мнозинството европратеници ќе го поддржат неговиот Извештај

Поврзани вести