
Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија.
– До 11 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645. 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности.
Според податоците на ДИК, општини со најголема излезеност се Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15, 27, Дебрца 15,76, Демир Капија, 15, Кратово 16,16, Крива Паланка 16, 85, ККрушево 16,97, Новаци 19, 3 Пробиштип, 17,64, Ранковци, 15,5, Чашка 22,60 проценти.
Со најлама излезеност се општините Сопиште 3,93, Центар Жупа, 4,89, Боговиње, 4,48 и Врапчиште, 2,54 проценти.
Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари.
Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.