
Со 16 гласа „за“ на седница на Советот на Општина Велес усвоен е буџетот на општината. Вкупниот буџет изнесува еден милион 636 илјади денари, од кои вкупниот основен буџет е 807.863 денари, што претставува најголем буџет во историјата на општината.
Изминатава година повторно ја завршуваме со одлична реализација и бројни реализирани проекти, а со донесувањето на буџетот за 2026 година продолжуваме со уште позасилено темпо. Заедно со Советот на Општина Велес и општинската администрација ќе работиме на реализирање на сите аспекти од буџетот и програмите, слушајќи ги вашите идеи и потреби“, изјави грдоначалникот Марко Колев.
Тој најави дека ќе работат на реализација на повеќе капитални проекти како што се изградба на подземна катна гаража и плоштад, реконструкција на спортската сала „Гемиџии” и Противпожарниот дом, изградба на нов мост кај Башино Село и многу други.

Македонски






