
“Невладините органзцаии“ и порталите на СДСМ од доаѓањето на Зоран Заев па до денес (а и утре) создаваат и шират лажни вести до морбидни некрофилски пропаганди кои се далеку од секој нормален јавен настап, пропаганда па дури и далеку од нормален разум особено кога се во прашање некои нивни “колумнисти“ како Бранко Тричковски и уште неколкумина нивни некрофиличари кои со децении се на платен список на претходно спомнатите.
Користењето на трагедии поврзани со нечија смрт за дневно политички цели, без оглед дали се тоа случаите со убиствата на Смилковско езеро, загинувањето на новинарот Никола Младенов, трагедијата со пожарот во Кочани, сообраќајки со смртни последици за некој граѓанин… се добро познати во јавноста. Во сите случаи се повторува истото – кога СДСМ прави “политички хепенинг“ по модел на мини шарена револуција од трагедијата и очекува провокација на предизвикан бес кој ќе се усмери кон ВМРО ДПМНЕ без оглед што ВМРО ДПМНЕ нема никакви допирни точки со настаните.
“Колумнистот“ на СДСМ Бранко Тричковски, отворено повикува и поттикнува нечија смрт, дури и со најморбидни описи на настанот, на политичките противници на СДСМ без оглед дали се работи за политичари, новинари, интелектуалци или бизнисмени кои СДСМ ги смета за свои политички противници. И, ниту едно обвинителство од доаѓањето на власт на Зоран Заев досега не покренало постапка против Бранко Тричковски кого “невладините“ на СДСМ го бранат дека е тоа “слобода на говор“.
Последниот е повик, поттикнување смрт за актуелниот премиер Христијан Мискоски.
Но, ова не е исклучок, напад на лудило или нешто слично. тоа е систем на СДСМ и “шаренитее“. Тричковски во своите “колумни“ и постови повеќе од петнаесет години повикува на убиства: На Никола Груевски, на тогашниот главен уредник во Сител Драган Павловиќ Латас, на Антонијо Милошоски, Гордана Јанкуловска… без казна за делото. Немаше дури ни јавно оградување или опомена од партиското Здружнение на новинари (ЗНМ) или “шарениот“ новинарски Совет на честа. Молк, и поддршка плус промоција на негова книга.
Мактел, портал на Саше Ивановски (самонаречен “Саше Политико“) кој беше перјаница и главен промотер на сатанизирање на се што е во или околу ВМРО ДПМНЕ беше дебело платен, а порталот накитен со рекламни банери од блиски фирми на СДСМ, од државни институции и рекетирани жртви славеше смрт на повеќе лица само затоа што СДСМ и тој сметале дека се блиски до ВМРО ДПМНЕ.
Кога почна хајката на СЈО, криминална организација чија шефица заврши во затвор за корупција а за десетте обвинители од СЈО е поднесена кривична пријава за незаконски земени над милион евра, и наместо да има истрага против нив сменети се, суспендирани и со кривични пријави против нив девалвирани обвинителите кои се дрзнале да се води истрагата…
Кога почна хајката на СЈО се случи самоубиство на Коста Крпач, наводно осомничен од СЈО.
Порталот за порнографска политика – Мактел во април 2016-та објави, а порталите од кампот на СДСМ пренесоа: “Мактел дознава дека во земјава се влезени околу 10 платени убијци кои треба да ги елиминираат сите оние кои водат до криминализирање на братучедите, Груевски и Мијалков“. Најавата и хајката за убиства со тоа е извршена, сечија наредна (и за пропагандата посакувана ) насилна смрт, според пропагандата на СДСМ, е дело на наведените и корисна за нивна дехуманизација и јавна сатанизација. А тоа значи поддршка за СЈО и судење и пресуда без оглед на околностите. Но, убиства немаше.
Извор: Вечер