
Дали Преспанскиот договор е чедо на корупцијата, прашува во својата анализа „Нова Македонија“
- Клучно е Македонија да се држи до меѓународното право, па ако договорите со Грција и Бугарија се склучени со коруптивни поведенија, спротивно на принципот бона фиде (bona fides), тогаш не е никаков правен ниту политички грев, кога ќе постои соодветна процена и надворешна поддршка, како држава потписничка да се повлечеме од нив. Впрочем, многу западни земји, меѓу кои и САД, се повлекоа од над 50 отсто од меѓународните договори откако констатираа дека тие им нанесуваат штета.

Пред извесно време грчкиот медиум „То вима“ објави анализа на Лефтерис Харалампопулос, кој ја истражуваше поврзаноста на фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, УСАИД и нивното влијание преку поранешниот македонски премиер Зоран Заев за постигнување на контроверзната Преспанска спогодба меѓу Македонија и Грција.
Повеќе на „Нова Македонија.мк“