
Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек кој вчера даде сè од себе да спасиш млади, невини душички и на крај нè напушти и ти. Почивај во мир голем човеку“.
Со зборови полни болка блиските се збогуваат со херојот Иле, возачот на Брза помош, кој вчера беше во трка да спаси што повеќе животи.
Иле Гоцевски од Делчево, долгогодишен возач на Итната помош во Кочани, е херојот кој вчера цела ноќ пренесувал повредени по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Добар човек, голем човек, душа херојска, велат оние кои го познавале.
Иле по напорната ноќ легнал да одмори дома и никогаш не се разбудил.
Неговите пријатели и колеги се простуваат од него на социјалните мрежи.