Skip to main content

И газдата на Пуцко Петрол Асмир Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое:

„Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.
Донесеното решени е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Поврзани вести