Skip to main content

И Буцо Битбокс жртва на Куќата на смртта во Кочани

Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс. Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со групата „ДНК“.

Цел ден на социјалните мрежи кружеа фотографии од него и се бараа информации за неговата здравствена состојба. За жал, информациите кои ги добивме се оние најлошите – Мартин е меѓу починатите.

Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, споделувајќи пораки со сочувство на социјалните мрежи.

„Буцо, брате!“, напиша музичарот Бојан Стојанов, познат како Бока Конга, споделувајќи фотографија со Буцо Битбокс.

Од него се прости и водителката Милена Антовска – Станковска, која, исто така, сподели негова фотографија на својот профил на Инстаграм.

Поврзани вести