
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), јубилеј што обедини лидери, претставници и гости од цела Европа.
Како што посочи, настанот бил исполнет со силна енергија, визија и чувство на заедништво, при што била потврдена улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста.
Според Мицкоски, присуството на бројни европски лидери ѝ дало дополнителна тежина и значење на свеченоста, а ваквите средби се потсетник за важноста на соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа.

Македонски


