Skip to main content

Холандскиот министер Велдкамп: Сакаме да ја видиме Македонија и во ЕУ семејството

Facebook/Timco Mucunski

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспер Велдкамп.

По средбата холанскиот шеф на дипломатијата изјави дека со Муцунски пред две недели седеле еден од друг на НАТО самитот.

-Сакаме да ја видиме Македонија и во ЕУ семејството. Знам дека Македонија посветено работи и тоа го цениме. Најважно е да се достигна Копенхашките критериуми, владеењето на правото, транспарентноста, изјави холандскиот министер Велдкамп.

Тој истакна дека на многу начини нашите две држави исто размислуваат. Го нагласи силното пријателство помеѓу двете земји. Холандскиот министер истакна дека Холандија останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи го принципот на напредок врз основа на конкретни резултати, на што земјата макотрпно работи.

На средбата меѓу Муцунски и Велдкамп била потврдена заедничката заложба за натамошно зајакнување на економските и трговските врски, што беше дополнително реафирмирано и на средбата на Муцунски со холандската бизнис заедница, во рамките на посетата на Холандската агенција за претпријатија.