Обвинителот Ислам Абази на крајот на 2023 реферира кај републичкиот обвинител Љубомир Јовевски за предметот со Бонусите на СЈО. Јовевски дава напаствија за да се отфрли кривичната пријава. Така му е реферирано. На корицата од предметот од двајцата обвинители со пенкало е напишано реферираното со потпис од двајцата, Абази и наследникот на Јовевски, Љупчо Коцевски – обвинува доскорашниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
Тој во поткастот „На кавга со Иван“ посочува дека на 13декември минатата година, среда, јавниот обвинител задолжен со предметот Бонусите на СЈО, поднесува барање за изземање од причина што наводно била блиска со пријавените, заедно работеле во Организиран криминал.
Од друга страна, на 14 декември, четврток, шефот на ЈО за гонење на организиран криминал, Абази го одобрува изземањето. По редот на нештата тој предмет треба да се достави на друг обвинител, но Абази си го зема и предметот и сам постапува. Републичкиот обвинител треба да провери дали тоа е законско. Досега во моето шестгодишно работење како шеф на ВЈО не сум имал таков случај, да земам јас предмет. Ако обвинителот кој барал изземање работел со овие обвинители кои се пријавени во кривичната пријава за Бонусите СЈО, па и истиот обвинител, шефот на Организиран криминал работел со нив, а тој постапувал по предметот. И тој со нив е колега. Обвинителот кој претходно постапувал по предметот, кој по три години побарал изземаер бил најсоодветен. Имало притисоци врз обвинителот, гарантирам. Три години се чекало, и после три години сфатила дека е блиска со пријавените. Недела дена пред да му истече мандатот на Јовевски бара изземање, на 13 декември, на 14 декември и е дозволено, а на 22 декември на самиот ден кога на Јовевски му истекува мандатот се реферира кај Јовевски, со готово решение за отфрлање на предметот, на истиот ден се носи решението. Решението за отфрлање, ако имаш 10 обвинители, 15 сведоци, викни ги да се произнесат. Не се повикани. За најбанално кривично дело има стандарди во постапувањето, ќе го викнеш, ќе го сослушаш. Од 160 пријавени во случајот Бонуси на СЈО, од кај знаеме дали некој ќе признае вина, да каже ме гриза совест, сакам да ги вратам парите – објаснува Хајрулахи.
Тој потсетува дека на решението за отфрлање, поднесителот на кривичната пријава, во случајот ВМРО-ДПМНЕ до ВЈО поднесува жалба.
Како и секој друг предмет го парафирам и од страна на службите се доделува на Јован Цветановски. Дојде ми кажа и рече ќе ми треба време да направам увид во предметот. Увидел дека предметот е половично доставен до ВЈО. Само кривичната пријава и наводното вештачење. Во вештачењето стои дека има аномалии по однос на начинот како тоа се одвивало, но за правните работи треба да одлучи обвинителот. Цветановски писмено поднесува барање до Организиран криминал за да се достави цел предмет. Во тој меѓупериод кога Цветановски сѐ уште не знае што има во предметот, нема увид во списите, на 19 декември ме повика телефонски, на вибер, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, ми рече ако имам време да се качам кај него. Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите Стигна ли предметот кај вас. Му викам Кој предмет? Вика: предметот за бонусите на СЈО. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепеното решение – тврди Хајрилахи.
Тој посочува дека Републичкиот јавен обвинител грубо наредува каква одлука треба да донесе обвинителот за предметот кој сѐ уште не го проучил. Вели, може повисок јавен обвинител да даде насоки, напатствија, доколку нешто не му е јасно на обвинител како треба да постапи, но не и да нареди каква одлука треба да има.
Коцевски ми рече: таму треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – коментира Хајрулахи.
Надзорот што бил спроведен во Вишото јавно обвинителство според Хајрулахи не бил врз целосното работење на обвинителството, туку за конкретни, изолирани предмети.
Некои од обвинителите кои се во ЈОРМ, а кои беа во контрола, бараа конкретни предмети, по што беше јасно за што се работи. Лиле Стефанова беше во контрола. Таа не требаше да припари на таа контрола, затоа што тој обвинител постапувал по сите предмети во СЈО, одлуките се носеле колективно. Тој обвинител кој постапувал по тој предмет што ќе каже за своето постапување?! Елвин Вели ми беше заменик до неговиот избор, сѐ уште има негови активни предмети. Како може тој да врши надзор над својата работа. Нив ги избрал Коцевски. Третиот е Џелал Бајрами, единствениот кој е соодветен за надзор. Надзорот завршува за еден ден. Во рок од 30 дена треба да достават извештај до обвинителството каде е извршен надзорот и да се наведе кои се аномалиите. Ние чекавме да поминат тие 30 дена, тоа беше околу 10 ноември. На 12 ноември добиваме друго писмо дека ќе се врши дополнителен надзор за да се купи повеќе време. Двапати во надзор за иста правна работа. Заврши надзорот, ги изнесувам моите ставови за притисокот кој ни се врши. На 31 октомври излегувам пред медиумите и изнесувам информации со доказ дека ќерката на јавниот обвинител од неговиот кабинет изнесува материјали и ги доставува до новинарка. Не е проблем новинарката што ги добива материјалите, тоа е нормално за новинар. Проблем е што се изместени работите. Како може ќерка на обвинител да изнесува информации од обвинителството во јавност. Никој ништо не кажа за тоа. Потоа реферираше дека ќерка му се знаела со новинарката и си биле на кафе. Истиот ден, на 31 октомври, ми поднесуват кривична пријава до ОЈО. Првичната кривична била од четири вработени кај мене, инструирани од еден обвинител од бившото СЈО кој сака да ми наштети. Тоа беше во форма на претставка уште во септември поднесено кај републичкиот јавен обвинител. Тој во координација со еден обвинител од поранешното СЈО кој често знае да има дијареа, на 31 октомври поднесуваат кривична до ОЈО, се префрла предметот во ЈОРМ, од каде се префрла во Штип. Тоа се прави со светлосна брзина. А предметот за СЈО три години се чува и не се постапува. Го носат предметот во четврток, во вторник јавната обвинителка отвора истрага на пусулче, лист хартија. Еден ден подоцна го известува Републичкиот јавен обвинител, кој по пет дена ме суспендира. До сега никој не ме викнал за кривичната пријава против мене, еве месец дена од отворање на истрагата да не ме повикаат. Се обратив преку бранителот, и телефонски и писмено и не комуницира. Така и е кажано на обвинителката, да го држи што повеќе отворен предметот. Не знам до кога и е кажано да се чека. Поднесов претставка до Советот за јавни обвинители за работењето на тој обвинител во ОЈО Штип. Јас како пријавен ништо не знам по однос на предметот кој е отворен против мене. Две од подносителите дојдоа со своерачна изјава дека се изманипулирани – вели Хајрулахи.