Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука, рече денеска организацискиот секретар на интегративците и пратеник, Блерим Беџети во гостување во ТВ21.
Беџити вели дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.
Во врска со бегството на Груби од Македонија, Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.
Aртан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држана лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други, изјави организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети.