Skip to main content

Грозданов: Ќе покажеме дека можеме поинаку, Кочани заслужува нов почеток

Стојам денес пред вас со една единствена, но силна порака. Време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми. Доста беше застој и разочарување, време е да веруваме во сопствените сили, во нашиот народ, во нашите луѓе. Кочани има големо срце, има вредни луѓе, има млади што сонуваат и сакаат да останат овде, посочи Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

-Има земјоделци што работат и се што се борат. Има семејства што го заслужуваат најдоброто. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација. Јас не влегувам во трка за политика, туку за промена. За чисти улици и за уреден град, за нови работни места, за можности, за сите. За да изградиме Кочани во кое сакаме да живееме, и да останеме. Јас како кандидат и овој тим позади мене ја има целосната поддршка од Владата на Република Македонија. Има тим со чесни луѓе, вредни и стручни. Ќе покажеме дека можеме поинаку, со работа, со одговорност, и со љубов кон градот, рече тој.

Порача дека верува во нив, во Кочани, верува дека повторно ќе станат пример.

-Ќе го изградиме градот, во достоинство и заедништво. Заедно можеме да го направиме тоа, да го подигнеме гласот за промената, да го подигнеме Кочани. Кочани заслужува повеќе, Кочани заслужува нов почеток, рече Грозданов.

Поврзани вести