
Два дена по трагедијата во Кочани граѓаните со право очекуваат правда и одговороност. И уште што е поважно конкретни имиња. Добро е што веќе почнаа првите апсења и приведувања, тоа ќе внесе смиреност кај граѓаните дека институциите постапуваат и оти државата си ја работи својата работа. Сите што се вмешани во оваа трагедија, од прв до последен треба да бидат изнесени пред лицето на правдата и да одговараат .
Привилегирани не смее да има, без разлика кој од која партија доаѓа и кој му штити грб. Само така ќе се врати доверба во системот и неказнивоста ќе стане исклучок а не правило.

Државата ќе направи се за безбедноста на граѓаните. Само така ќе се чуствуваме сигурни во својата држава.
Министерот за внатрешни работи денеска контратираше дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба.
Особено во делот на постапување огромен број на институции кои согласно закон требало да ги следат ставање на функција на дискотеката, особено во делот на заштита при евентуален пожар, поради што и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени и од МВР, и од други институции. Но сега не би сакал да откривам детали“, изјави Тошковски.