
Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојуваше во Струга, каде изврши увид во реализацијата на значаен инфраструктурен проект за кој истакна дека граѓаните го чекале со децении. Мицкоски порача дека Владата е максимално фокусирана на подобрување на квалитетот на животот преку конкретни дела, а не преку празни ветувања.
Со реализацијата на вакви проекти ширум Македонија, Владата го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти и дека гледаат само за себе. Не сме чудотворци, но ‘ќе го оставиме срцето на терен’ за граѓаните да добијат поквалитетен живот. Тоа е нашата единствена инспирација“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонски


