
Откако одлежа две третини од казната, Горан Ангелов-Ќосето, осуден за 27 април, доби условен отпуст. Тој одлежа осум од вкупно 11 години затвор. Отпустот го добил од Кривичниот совет на Кривичниот суд, поради здравствени проблеми за кои и досега бараше прекин во издржување на затворската казна.
За слободата обзнани и на социјалната мрежа „Фејсбук“, споделувајќи фотографија направена со АИ, каде се кинат лисиците, а до него долетува гулабот кој симболизира слобода.
Ангелов-Ќосето е првиот кој доби условен отпуст, а вакви барања поднеле и други осуденици за 27 април, кои одлука од Кривичниот совет засега не добиле.

Македонски







