Skip to main content

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието.

Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…

null

Обраќањето на претседателката е во рамки на 77. собраниска седница.

Ова ќе биде второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од преземањето на претседателската функција во мај 2024 година, кога стана прва жена шеф на македонската држава.

Поврзани вести