
Кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, во својата изјава до јавноста посочи дека во изминатите години граѓаните биле сведоци на низа сериозни проблеми кои го нарушуваат квалитетот на живот во општината.
Се изнагледавме грди и опасни слики од нашето Делчево – пожари и отрови од градската депонија, катастрофални пожари и уништување на шумскиот фонд, поплави во урбаните делови со живото-загрозувачки фактори и огромна материјална штета, сообраќаен хаос поради недостиг на тротоари и паркинг простор, ѓубре и диви депонии насекаде, како и дискутабилен животен баланс во нашата Брегалница, изјави Гоцевски.
Тој потенцира дека по 19 октомври ќе дојде нова локална власт која веќе ги има констатирано сите овие недостатоци и ќе работи на нивно надминување.
Преку серија проекти ќе ги решаваме горливите прашања за кои сите пред нас вртеле поглед на друга страна. Побарајте ја нашата предизборна програма и дознајте повеќе за сите политики кои ќе ги реализираме. Гласот за број 9 значи доверба, но уште повеќе за нас значи одговорност и многу работа,“ порача кандидатот за градоначалник Иван Гоцевски.