
„Сите на лидерска средба, он на дилерска. Толку му сече…“ – вака новинарот Бранко Героски преку статус на социјалните мрежи го коментираше неодењето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната лидерска средба кај премиерот Христијан Мицкоски.
Лидерската средба, на која се разговараше за укинување на техничката влада, изборните правила и реформските процеси, се одржа без присуство на Филипче, кој беше единствениот партиски лидер што го одби повикот. Од СДСМ порачаа дека ваквите теми треба да се дискутираат во парламентот, а не на лидерски средби.
Отсуството на Филипче предизвика реакции и критики во јавноста, а статусот на Героски дополнително ја заостри дебатата за улогата и одговорноста на опозицијата во клучни политички моменти.

Македонски





