
Претседателот на Собранието, Африм Гаши по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи е отпуштен од болница. Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието неговата здравствена состојба е добра и стабилна.
Гаши и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.
Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.
Исто така, благодарност и до сите граѓани, претставници на институциите, медиумите и јавноста за нивниот континуиран интерес и поддршка, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието .