
Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, вели министерот за правда Игор Филков.
-Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители, вели тој.
Филков порача дека правда мора да има и ќе има!