Skip to main content

Филипче праша дали поддршката од опозицијата за Резолуцијата во ЕП е доволна за уставни измени, Митева му одговори дека тоа е заднички интерес

carl-campbell-on-unsplash

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека побарал поддршка од секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент. Во денешната изјава тој ја овора дилемата дали оваа декларација ќе биде доволна гаранција за владата за да го откочи евроинтеграцискиот процес.

Фото: СДСМ

-Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чие семејство ние припаѓаме – господинот Џакомо Филибек, во однос на координации. Денес ги продолжуваме разговорите, да видиме кои се тие конкретни чекори коишто треба да ги направиме, да разговараме со европратениците кои припаѓаат во нашето семејство на демократи и социјалисти, рече Филипче. 

Повик за пооддршка и лобирање за оваа декларација испрати премиерот Христијан Мицкоски, по што Филипче разговарал со секретарот на ПЕС, но сепак прашува дали таа ќе биде доволна форма за гаранција за премиерот за да почне процесот на уставни измени.   

-Што е целта на оваа декларација и дали конечно доколку биде е прифатена тоа ќе биде нешто што за премиерот ќе биде доволна форма на гаранција за да се започне процесот на уставните измени? Поради тоа што се има впечаток дека владата секогаш има некакви принципи и црвени линии, меѓутоа, ако тие не важат, имаат и други. На почетокот беше одолженото дејство на уставните измени, понатамубеа  пресудите во Стразбур, еве сега – декларација во Европскиот парламент. Значи, клучното прашање е што е тоа што е доволно?, рече Филипче.

Посочи дека владата на СДСМ сосема доволно направила за да се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ, а дека доказ за тоа е што македонскиот јазик е официјално прифатен во Европската Унија, без никакви ѕвездички или фусноти и веќе има потпишан прв официјален договор на чист македонски јазик – договорот за Фронтекс.

-Но, еве, ќе бидеме апсолутно конструктивни, затоа што сметам дека тоа е и добро и правилно, поради тоа што треба конечно да го откочиме овој блокиран процес, рече Филипче.

Одговор од Владата

фото: Принтскрин од видео

Во однос на излагањето на лидерот на опозициската СДСМ дека одговориле на повикот на премиерот во делот на лобирањето за извештајот на ЕУ за резолуцијата и дали тоа ќе биде последното барање до опозицијата пред да се отвори Уставот, со оглед на изнесениот став дека власта има нови барања, Митева посочи дека тоа не се барања кон опозицијата туку заеднички интерес за Македонија.

– Прво морам да прашам зошто ова се смета како барање кон опозицијата и зошто ова не го гледаме како заеднички интерес, кој пред се и над се ќе ја стави Македонија и спорот кој што го создадоа токму тие. Најверојатно ќе треба претседателот на СДСМ да одговори на тие прашања. Ова се барања, кои се однесуваат за доброто на Македонија, нешто што значи признавање на многу вековниот македонски идентитет и јазик и мислам дека тука не треба да го бараат како лично барање кон нив туку како обврска да направат се што можат доколку можат да лобираат и да дадат поддршка ова да биде изгласано. Ваквите изјави дека ова се некои барања кон нив само го потврдува фактот дека се обидуваат да наштетат на еден процес кој носи добро на сите граѓани, рече Митева.

Поврзани вести