Skip to main content

Филипче: Не чувствувам вина за „Онкологија

Претседателот на СДСМ и ексминистер за здравство, Венко Филипче, рече дека не чувствува вина за случувањата во „Онкологија“, за кои двајцата поранешни директори Нино Васев и Нехат Нухи добија обвиненија. Одговорот доаѓа по прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Обвинителството за селективност при постапувањето, бидејќи Филипче не е на листата со лица кои се обвинети.

„Вина не чувствувам апсолутно. Добро е да ја знаеме вистината. Да видиме што ќе покаже судскиот процес. Излезе на виделина лажната кампања која ВМРО-ДПМНЕ ја водеше преку анкетната комисија. Сите ингеренции на Министерството, се извршувани, дури и во најтешките ковид времиња. Сметам дека апсолутно секој, ако го прекршил законот, треба да одговара“, рече Филипче.

Поврзани вести