
Венко Филипче како поранешен министер за здравство не се интересирал за здравјето и безбедноста на пациентите. Човечкиот живот за Филипче, немал вредност.Аферата „Провизии кои чинат животи“ го вади на површина вистинското лице на Филипче, дека за него светост се само провизиите кои на крајот одземаат човечки животи, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче како министер за здравство во корона периодот, поставил модуларни болници од неогноотпорни и лесно запаливи материјали, кои биле набавени како стоки, а техничката спецификација била направена од лице поставено лично од него.
Мадуларните болници низ цела држава бие противзаконски поставени и не исполнувале никакви технички и безбедносни услови, па така тетовската модуларна целосно изгоре за само две минути и одзеде 14 животи.

Дека објектите биле со несоодветен квалитет во кои не смее да се извршува здравствена дејност, знаеле и тогашните директори на болниците, кои се противеле и до последно одбивале да ги примат и да ги пуштат во употреба.
Таков е и примерот со Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за трагичниот настан, одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба бидејќи и таа како и останатите немале приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци и да ангажираат фирми.
Светска банка, со чии средства се граделе модуларните, барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот, но такви одобренија не можеле да се обезбедат затоа што не била запазена процедурата и одредбите на Законот за градење.
Бидејќи болниците се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, Катастар одвивал изврши упис на истите. Но, со лична одлука на тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба.
Значи, во моментот на критичниот настан во кој живи изгореа 14 луѓе, модуларната во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство.
Венко Филипче дозволил тешко болни пациенти да се лекуваат во објекти кои во никој случај не можеле да служат како болници, за што обвинителството знае, но молчи.
Зошто Венко Филипче, иако најодговорен и вистински виновник за трагедијата во Тетово за што посочуваат и инволвираните лица како директорите на тетовската болница, е изземен од целата ситуација?
Дали, во знак на благодарност за тоа што биле избрани во Струмица, Јавното обвинителство и судиите го штитат и одработуваат за Филипче?
Јавноста заслужува да ја дознае вистината за модуларната болница, каде на Филипче провизиите му биле на прво место.
Продолжуваме со детали од аферата „Провизии кои чинат животи“, со откривање на нови скандали поврзани со договорите меѓу Министерството за здравство и носителот на набавката.