
Пожари беснеат во целиот регион. Сушното лето и екстремно високите температури во Македонија и регионот предизвикаа пожари, додека ветерот придонесе за нивно брзо ширење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потсетуваат дека во Бугарија беснеат над 240, во Турција над 80, во Грција над 50, Албанија 45 активни пожари, од кои дел стигнаа и до населени мести, но до градови, а за справувањето со огнените стихии, скоро сите земји повикаа меѓународна помош.
Во земјите од регионот последиците од пожарите се огромни, горат куќи, станбени и верски објекти, автомобили, земјоделски површини и насади, цели фарми и изгорени големи шумски површини.
Покрај ваквите материјални штети, земјите од регионот се соочуваат и тешки последици по човечкиот живот, така што во Турција од почетокот на катастрофалните пожари загинаа 17 лица, од кои 13 пожарникари борејќи се огнените стихии, а десетици се повредени. До сега евакуирани и раселени се над 3500 луѓе кои ги напуштиле своите домови. Најкритично е во Бурса е еден од најкритичните, затоа што стигна пламенот стигна до градот при што зафати и куќи.
Во соседна Албанија пожари има скоро на цела територија на државата, најкритично е во јужниот дел каде што огнот стигнал во близина на туристичките градови Саранда и Химара. Евакуирани се над 2000 лица, изгореле над 20 куќи, испразнети се цели села, додека досега изгореле над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шумски површини.
Состојбата е сериозна и во Бугарија, каде што до сега има над 240 регистрирани активни пожари. Во пожарите во соседна држава, причинета е голема материјална штета, изгореа станбени и помошни објекти, евакуирани се илјадници граѓани, а земјата побара меѓународна помош.
Апокалиптични сцени од пожарите има во Грција, каде пожарите голтаат се пред себе. Најкритичен е пожарот кај Атина, како и на островите Евбеја и Китира каде што пожарите зафатија цели станбени квартови, гореа куќи, коли, но и против пожарни возила. Изгореа цели маслинови насади, фарми, илјадници хектари шума. Во пожарите загинаа седум лица, десетици се повредени, евакуирани и раселени се жители на цели села и населби.
Како и кај земјите од регионот, пожари има и во Македонија, но далеку во помал број. Кај нас за разлика од таму, нема штети од вакви размери, нема евакуирани и раселени лица, за среќа нема ни жртви. Причинета е само материјална штета во шумска површина, која секако, се надоместува и обновува.
И ова не е резултат на среќа, туку резултат на брзата, навремена и соодветна интервенција на македонските служби. Вчера, на отворен простор, регистрирани биле 20 пожари, десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите достапни ресурси и механизми, службите се мобилизирани и постојано се на терен во борбата со пожарите“, навбедуваат во соопштението.
Бројките потврдуваат дека македонските служби успешно се справуваат и голем дел од пожарите се ставаат под контрола или целосно се гаснат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.