Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Единствениот успех на Османи во дипломатијата е селфито во авиончето

Бујар Османи може да се концентрира на локалните теми како хигиената, кучињата скитници, осветлувањето, водовод, канализација затоа што пред нас претстојат локални избори, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Високата политика нека ја остави зад себе, затоа што го видовме што и колку сработи во тој поглед.Преговараше со Бугарија и ги распродаваше државните национални интереси и идентитетските обележја на македонскиот народ.

Прифати и потпиша договори кои создаваат обврски само за Македонија, а на Бугарија му даваат можност да ја блокира државата на секој чекор од евроинтегративниот процес.

Како поранешен министер за надворешни работи, Османи не направи ама баш ништо за евроинтегративниот процес, освен што правеше селфи во авионот со Заев лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите.