Skip to main content

Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани издаден во ноември 2012 година и проследен до директорот на Државниот пазарен инспекторат.

Дејан Јованов – Деко, еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, уште во 2012 година водел битка со тогашниот градоначалник Ратко Димитровски да добие лиценца. Дозвола за работа на таков објект издава Министерството за економија, но Деко морал да го подготви „теренот“ на локално ниво, пишува „Плусинфо.“

Така, во 2012 година, тој побарал паркинг простор на локација одалечена 250 метри од дискотеката на смртта, во зоната во која има капацитети на лесната индустрија. Дејан Јованов – Деко барал дозвола за својата фирма ДОО Класик ДМ.

Повеќе на „Плусинфо.мк“

Поврзани вести