
Две делници за седум месеци. Ова е резултатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во делот на инфраструктурата.Му се допаѓало тоа некому или не, кога ќе го погледнеш семафорот бројките се тие. Вчера беше пуштена делницата Градско – Дреново која е дел од експресниот пат Градско – Фариш, во должина од 15,5 километри. Поголем oд парите се од ИПА фондовите на ЕУ а дел се од буџетот.
Но, тоа и не е толку важно, пари за автопати имало и мора да има, проблемот досега беше во незаинтерисаноста или неспособноста на минатата власт да се зафати со крупни инфраструктурни проекти. Почнато, недовршено.Ваква беше сликата за патот Градско-Прилеп и Страцин-Крива Паланка. Точно е дека овие експресни патишта беа започнати во време на СДСМ, но едно е да почнеш а друго да имаше капацитет да го довршиш.
Патот Градско-Прилеп е дел од Коридорот 10 Д кој ја поврзува Македонија со Европа, и ја прави важна транспортна алка од што бенефит ќе имаме сите. Следната цел е автопатот од Прилеп до Битола и оттаму до грчката граница.

Тој би се завршил во 2027 година. Тоа време се очекува да се заврши и изградбата на автопатот Гостивар Букојчани Кичево, при што интензивно ќе се работи и на патот Тетово – Гостивар, што ќе прерасне во автопат. Сакам да објавам дека наредната 2026 година очекувам да се заврши со градба и на автопатот Кичево – Охрид, што целосно беше во застој поради блокадите од претходата влада – нагласи премиерот. Мицкоски.

Следна цел е „вечниот“ автопат Кичево-Охрид од кој добар дел ќе биде пуштен за оваа туристичка сезона а комплетното завршување се очекува до крајот на 2026 година.