
Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на Албанска Банка, но ни донесе српска банка. Време дојде Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години. Време дојде да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет. Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија. Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија, стои во соопштението на ВЛЕН =
Фирмата „АС Сењак“, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола.
Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ.
Оваа продажба се случила на 17.09.2025. Само пред десет дена.
Еве го доказот. (Го покажува листот од Централен депозитар)
Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.
Директна продажба на имот од фамилијата на Али Ахмети на Алта Банка од Белград.
Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ.
Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија.
Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ.