
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, денес ја свика 23-та седница на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања, за максималната мобилизација на Националната алијанса за интеграција, како и за плебисцитарната и севкупната народна победа на референдумот на 19 октомври, информира ДУИ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
На оваа седница, едногласно и со целосен консензус, беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници: во Долнени – Фламур Ѓолека, за Пласница – Али Јаоски и Бутел – Исамедин Азизи.
ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори. Референдумот на 19 октомври ќе биде историски момент за народот – ден кога одлучно ќе се врати достоинството и ќе се зајакне улогата во државата.