
Секој ден кога повторува дека „нема да има предвремени избори“, Мицкоски всушност признава една горчлива вистина: тој е свесен за неминовниот пораз што го очекува неговиот политички проект и неговиот албански вазал, ВРЕДИ, се наведува во партиско соопштение од ДУИ.
Овој страв не е случаен. Албанците јасно разбраа дека ВРЕДИ не е нивниот избор, туку инструмент на Мицкоски за да ги држи Албанците покорени. Кандидатите на ВРЕДИ немаат никаква легитимност, затоа што се инсталирани од ВМРО и се само фасада на една антиалбанска политика што има за цел да ги врати Албанците назад, во периодите пред 2001 година.
Дури и нивните челници тоа го признаваат. Самиот Изет Меџити јавно потврди дека единственото нешто што ја држи оваа влада на нозе не е албанскиот глас, туку волјата на ВМРО. Тоа е најголемиот срам: Албанците не се претставени со својот глас, туку се држат како заложници од одлуките на Мицкоски. Поради тоа, сè што слушаме од ВРЕДИ не се ставови на Албанците, туку само повторување на зборовите на Мицкоски.
Вистината е дека Албанците никогаш нема да прифатат да бидат претставувани од такви вазали. Резултатот на локалните избори ќе биде толку јасен, толку недвосмислен, што ќе ја натера државата да се соочи со предвремени парламентарни избори. Мицкоски може десетици пати да го повторува спротивното – но гласот на Албанците на 19 октомври ќе го направи невозможно бегството од оваа реалност“, се вели во соопштението на ДУИ.
Во соопштението се додава дека ДУИ е силата што повеќе од две децении ја гарантира еднаквоста, интеграцијата и консензуалното одлучување. Каоо што велат од партијата, наспроти тоа, ВРЕДИ ќе остане запаметен само како експеримент на Мицкоски, привремена фасада, без визија и без народна поддршка.
Да биде јасно уште еднаш: ние работиме за да го вратиме достоинството во државата, а не за да бидеме дел од власта. Немојте да се плашите!
Албанците го имаат својот глас, го имаат своето достоинство и докажаа дека не се продаваат. Албанскиот глас е слободен, суверен и одлучувачки – и тој ќе ја одреди иднината на државата.
На 19 октомври, Албанците ќе зборуваат со еден глас.
На 19 октомври, Албанците ќе покажат дека единствениот референдум е слободниот глас.
На 19 октомври, Албанците самите ќе ги изберат своите претставници.
На 19 октомври, ќе победи волјата на народот“, се вели во соопштението на ДУИ.