
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев ја предводи македонската делегација на Генералното Собрание на Интерпол, кое се одржува во Маракеш, Мароко.
На Генералното Собрание учествуваат високи делегации од државите членки на Интерпол од сите региони во светот, кои освен усвојувањето на програмата на активности, стратешката рамка и буџетот на Организацијата, во текот на оваа сесија на Генералното Собрание ќе разгледаат низа стратешки и оперативни прашања, меѓу кои идентификување и сузбивање на транснационалниот организиран криминал, проширување на глобалните полициски капацитети на Интерпол, унапредување на улогата на жените во полициските служби, разгледување на резултатите од пилот-проектот „Сребрена Потерница“ (Silver Notice), промовирање на ратификацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против сајбер-криминал.
Во текот на Генералното Собрание ќе бидат избрани нови членови на Извршниот комитет, вклучително и позицијата Претседател на Организацијата – Интерпол.

Македонски








