
Со палење на светилките на големата елка поставена во центарот на градот, како и оние на кружните токови, Општина Дебар почна со новогодишно украсување, кое ќе продолжи и следните денови.
Поставивме голема новогодишна елка и светлосни и други поставки во центарот на градот, на плоштадот „Слендербег“. Исто така новогдоишни елки поставивме и на некокуте кружни токови, светилки и други украси по главната улица во градот, на булеварот „Илирија“, шеталиштето и градскиот парк. Продолжуваме со украсување и следните денови“, вели за МИА, Илдрит Бомова од Општина Дебар, задолжена за реализација на оваа активност.

Бомова додава дека цел на локална самоуправа е градот да добие новогодишен амбиент, да се почувствува новогодишна атмосфера, како и во другите градови во светот.
За оваа намена издвоени се средства во износ од над 500 илјади денари, но секако се користат и минатогодишните украси. Апелира сите одговорно да се однесуваат кон декорацијата.

Сакам од свое и од име на општинската администрација на сите жители од нашата општина и пошироко, како и на нашинците во светот да им посакам среќна Нова 2026 година, со надеж за многу повеќе љубов, мир, верба, хуманост и благосостојба“, посака Бомова.
Новогодишна декорација на витрините веќе на големо имаат поставено сопствениците на трговските, угостителските и другите објекти, граѓаните во дворовите и балконите, а новогодишната елка е составен дел од секој дом.
Освен украсувањето, пред новогодишната атмосфера, се очекува да ја надополни присуството на иселениците, бидејќи многу од нив од западноевропските земји, пред сè од Италија, Германија и Швајцарија, по традиција, пред католички Божик пристигнуваат во родниот крај.

Македонски






