Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Дали Филипче има нов таен договор со Бугарија?

СДСМ

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести