Skip to main content

Д-р Николов: Битола останува мост за унапредување на меѓусебните односи со Франција

Идниот амбасадор на земјава во Франција, д-р Игор Николов денеска се сретна со почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривошија Стилиновиќ. На својата фејсбук страница д-р Николов напиша:

Извонредни средби во Битола – градот на конзулите
Денес остварив средби со почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривошија Стилиновиќ и со градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски.


Битола, како традиционален симбол на пријателството и соработката со Француската Република, посебно со збратимениот град Епинал, останува мост за унапредување на меѓусебните односи.


Преку заеднички културни, научни и економски проекти, како и со присуството на канцеларијата на Францускиот институт во Битола, се создаваат нови можности за продлабочување на партнерството и развој на локалната заедница.

Негувањето и унапредувањето на овие релации и во иднина ќе останат приоритет со цел зајакнување на долгогодишното пријателство помеѓу Битола и Француската Република.

Поврзани вести