
Царината откри компанија која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела пратки. Поднесени се кривични пријави против две лица, соопшти директорот на Царината Бобан Николовски.
Нашите царински инспектори од Одделението за истраги, во координација со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, открија компанија која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела пратки.
Поднесовме кривична пријава против две лица!
Засилените контроли продолжуваат за да се спречат злоупотреби и да се обезбеди фер конкурентност!, објави Николовски на социјалните мрежи.

Македонски





