Skip to main content

Чупеска: Ветувањата за правда и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“ изјави дека во Македонија се случува сериозна тенденциозна операција која има цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт.

Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, се во директна спротивност со ветувањата од нивната изборна програма. 

-Наместо реални реформи и правда, сведочиме на континуирано и систематско поткопување на судската независност и правдата. Ветувањата за правда, вклучително и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови, додека надежта за правда е сериозно нарушена. Особено загрижувачки е третманот на мајките на жртвите од Кочани, кој ја отсликува вистинската состојба на правдата во државата, рече Чупеска.

Поврзани вести