Skip to main content
PinkCKbYK20

Бугарски екстремисти му се заканувале на известувачот Вајц поради извештајот за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот, поради извештајот за напредокот на земјава кој минатата недела беше изгласан во Европскиот парламент.

Во интервју за Канал 5, Вајц вели дека е задоволен од извештајот, но ја осудува кампањата на оцрнување што ја воделе против него, особено од бугарска страна.

– Да, бев под силен напад, тоа беше цела кампања за оцрнување против мене. Ме нарекуваа пристрасен, бев обвинет дека сум имал повеќе разговори со Македонија отколку со Бугарија. Ме обвинуваа дека сум корумпиран – изјави Вајц.

Тој посочува дека неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи на Телеграм, што резултирало со закани од сериозен карактер.

– Добив смртни закани и секакви закани, а ова продолжува и по гласањето. За жал, ова тотално ескалираше во Бугарија – нагласува Вајц.

Поврзани вести