Skip to main content

Богески: 35 години ОК Центар, три и пол децении исполнети со истрајност, работа и посветеност на идејата за подобра Македонија

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар денеска одбелжува 35 години од своето постоење. По повод јубилејот направивме краток разговор со м-р Димитар Богески, кој е актуелен претседател на Општинскиот Комитет Центар , како и заменик-директор на Државен архив на Република Македонија.

Оваа година ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар слави 35 години постоење – три и пол децении исполнети со истрајност, работа и посветеност на идејата за подобра Македонија. Во овие години имаше и тешки и лесни моменти, но еве сме, уште постоиме и стоиме исправено, горди на сè што сме изградиле и охрабрени за она што доаѓа – вели Богески.

Вели на денешната дружба, заедно со сите членови симпатизери граѓани ќе испратат силна порака за верба во иднината.

Затоа по тој повод, ги повикувам сите симпатизери и граѓани кои ни даваат поддршка да ни се придружат на заедничка прослава во кафе Тренд, оваа среда во 20:30 часот. Заедно ќе одбележиме еден значаен јубилеј и ќе испратиме силна порака за нашата заедништво и верба во иднината – коментира претседателот на Општинскиот Комитет Центар.

Богески верува во победа на претстојните локални избори, пред се поради сплотеноста на коалицијата и одличниот тим.

Јас лично верувам во нашата победа на претстојните локални избори, затоа што имаме одличен тим составен од урбани луѓе, вистински професионалци со знаење и разбирање. Нашата коалиција е пример за сплотеност и заедничка визија, а задоволство ми е што ја имам честа да бидам предводник на луѓе со интегритет и голема љубов кон својата општина и својата држава – додава тој.

На крај вели:

Овој јубилеј е потсетник дека силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот. Она што сакам да го потенцирам дека нас нè крепи поддршката од граѓаните, а нивната доверба е нашиот најголем мотив секој ден да бидеме подобри. Заедно продолжуваме напред, со цврста верба во нашата идеја и со сигурен чекор кон нови победи.

Поврзани вести