
Саша Богдановиќ, екс градоначалникот на Центар, вечерва е гостин во „Претрес со Ландов”.
Тој вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажувал на тоа што не чинело во партијата. Негира дека молчел кога бил градоначалник.
Рече дека Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат.
Вели дека само 10-на згради се изградени во негово време, но не знае точна бројка.
Како градоначалник, тоа што го ветивме го реализиравме. Имавме позитивни реакции за мораториумот на ДУП-те- рече Богдановиќ.
Тој вели дека не потпишал во заминување од функцијата многу дозволи за градба, само за 5-6 згради. За првата зграда кај Холидеј ин тој ја потпишал дозволата. Богдановиќ вели дека дел од граѓаните сакале тука згради.
Изменивме 9 ДУП-а, со Мораториумот, но по одлуката на Уставен суд, ревизијата беше сопрена – вели екс градоначалникот на Центар.
Три дена пред заминување Богдановиќ потпишал одобрение за петкатница кај Јадран. Тој појаснува дека се одело електронски