
Кандидатот за градоначалник Бајрам Реџепи од Национална Алијанса за Интеграција, денескс во посета на Здружението на лица со оштетен слух и со делумна загуба на слухот во Тетово заедно со Асаф Абдурамани, носител на листата со кандидати за советници.
Денеска заедно со Асаф го посетивме Здружението на лица со оштетен слух и со делумна загуба на слухот во Тетово. Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина за сите категории, град каде секој граѓанин се чувствува слушнат, почитуван и вклучен“, истакна Реџепи.
Програмата „Заедно за Тетово“, со која Бајрам Реџепи се претставува пред глачите ја темели на три главни столба: Урбан развој и инфраструктура, Економски развој и образование и Дигитална и транспарентна администрација.