
Лидерот на Левица Димитар Апасиев на дешената анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“ направи класична злоупотреба на прв човек на Комисијата.
Откако постојано се расправаше со членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, тој побара од обвинителството да се вадат докази за трагедијата кои се дел од судската постапка. Со тоа дозазите ќе бидат дискредирани и неупотребливи во натамошниот тек на судењето.

Поради однесувањето на Апасиев, Иванка Василевска побара неговo иземање од претседавањето бидејќи, како што рече, има предефинирано и јавно изразено правно мислење за суштинските елементи на предметната судска постапка и оти го прави неспособен да гарантира непристрасност и објективност. Ги повика родителите на загинатите да одат во нејзината канцеларија да им ги покаже изјавите искажани од Апасиев за трагедијата во Кочани.

Македонски







