Skip to main content

Анкетна комисија е потребна за пожарот во „Пулс“, но и за „Дурмо Турс“, Беса транс“ и модуларната во Тетово

До крајот на годината се очекува да биде избрана Анкетната комисија која треба да ги испита сите несреќи кои се случија изминатите години. Засега има две иницијативи, едната е на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во нив се бара покрај за пожарот во Кочани, да се разгледаат и Дурмо Турс, пожарот модуларната во Тетово и Беса Транс. СДСМ пак бара да се расправа само за пожарот во „Пулс“ но нивата иницијатива е вратена на доработка.

Коалицијата Вреди целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија во Собранието, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и манипулирани, соопшти Вреди.

„Оваа практика мора да заврши. Нашиот став беше и останува јасен дека е потребна сеопфатна комисија, избегнувајќи каков било селективен или политички мотивиран пристап, и токму таква комисија се формира. Сега комисијата сериозно ќе ги испита и со широк мандат сите сериозни случаи што ја потресоа земјата низ годините, од Дурмо турс и Беса транс, до модуларната болница и трагедијата во Кочани. Само таков сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи“, соопшти коалицијата.

Вреди очекува анкетната комисија да ги истакне не само индивидуалните неуспеси, туку и моделите на лошо управување што дозволија последователни трагедии низ годините

Поврзани вести