
Амбасадорот во Франција Проф. Игор Николов оствари средба со Проф. Фроса Пејоска Бушеро, која ја води катедрата по македонски јазик на INALCO во Париз.
INALCO (Национален институт за ориентални јазици и цивилизации) – еден од најпознатите европски центри за изучување ретки и помалку застапени јазици.
Специфичноста во Франција е тоа што постои катедра каде македонскиот јазик не само што се изучува, туку и научно се проучува – нешто што ретко може да се најде во други земји во светот,напиша Николов.
INALCO е еден од ретките универзитети во Западна Европа каде што Македонскиот јазик се изучува на академско ниво, се промовира македонската култура, литература и идентитет и студентите имаат можност да се специјализираат за Балканот

Македонски


