Skip to main content

Амбасадорката Агелер на простална среба кај претседателката Сиљановска Давкова

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на проштална средба ја примила амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Како што информира Сиљановска Давкова преку објава на нејзиниот Фејсбук профил, обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање.

-Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот совет, оценувајќи го изборот како значаен чекор кон реформирање на ова важно правосудно тело. Во име на македонските граѓани ѝ се заблагодарив на амбасадорката за нејзиниот придонес во продлабочување на соработката и зацврстување на стратешкото партнерство, напиша Сиљановска Давкова.

Како што се посочува во објавата на претседателката, Агелер нагласила дека и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да ја помага земјата во којашто поминала значаен дел од кариерата.

-Таа истакна дека, и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да ја помага земјата во којашто поминала значаен дел од кариерата, за што ѝ се заблагодарив, посакувајќи ѝ понатамошни професионални успеси, напиша Сиљановска Давкова.

Поврзани вести