Skip to main content

Лекар од Вевчани повеќе од две години работел без продолжена лиценца во Охридската болница

Лекар од Вевчани без продолжена лиценца повеќе од две години работел во Општата Болница во Охрид со што ја оштетил Јавната здравствена установа.

СВР Охрид денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против М.Р.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. 

Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа. Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок за плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа, стои во соопштението на СВР Охрид. 

Поврзани вести