Skip to main content

Во велешкиот театар се одржа првата читачка проба за претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Синиша Ефтимов

Во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, се одржа започна првата читачка проба за претставата „Госпоѓа министерка“, дело на Бранислав Нушиќ, a во режија на Синиша Ефтимов.

Насловната улога ја толкува Зорица П. Панчиќ, која оваа година одбележува јубилеј – 30 години професионална актерска дејност, додека останатите улоги ги толкуваат:

Талија Настова
Симона Димковска
Славица Манаскова
Жарко Спасовски
Фаик Мефаилоски
Исидор Јовановски
Благојчо Стојанов
Стефан Николовски
Филип Христовски
Кире Ацевски

Сценографијата е на Мартин Манев, а костимограф е Илина Ангеловска.

Премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“ се очекува да биде на крајот од месец март.

Поврзани вести